Со попреченост и челична волја до врвот Триглав

mishko taneski ljuljeta ademi triglav slovenia

Максимално позитивна екипа, изминатата недела, Љуљета Адеми која е активна планинарка , инаку лице со попречености со поддршка на Мишко Танески планинар од Охрид, го искачија комплексниот врв Триглав во Словенија (2864 метри надморска височина).

Искачување кое бара многу сила и енерија, каде биле потребни 17 часа за качување и симнување од највисокиот врв на Јулски алпи во Словенија.

Подвигот на Љуљета Адеми е исклучителен, затоа што таа е една од навистина ретките кои го искачиле овој комплексен врв како лице со попречености.

Клуч на овој несекојдневен успех се големата волја, сила и одлучност на Љуљета, чие мото е: “Не гледај попреченост, гледај можности”.

Водичот асистент Мишко Танески изрази голема благодарност пред се до Адеми за стрпливоста и покажаната зрелост и истрајност, како и на спонзорите кои го овозможија подвигот: Општина Охрид, Екошпар и помагателите Охридски бисер „Филеви“ и маркети „Тамаро“.

mishko taneski ljuljeta ademi triglav slovenia (2) mishko taneski ljuljeta ademi triglav slovenia (3)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки