Утре, среда, 31 декември, започнува ски сезоната на Попова Шапка со бесплатно скијање за сите посетители. Иако на Шапка паднаа над 50 см снег , силниот ветер го издува снегот и за утрешното отворање направени се напори и во функција ќе бидат само ски лифтовите Аеродром и Ге.
Дневна ски карта ќе чини 900 денари, полудневниот 600 денари, ноќното скијање ќе чини 500 денари. За млади скијачи до 12 години ски картатат ќе чини 400 денари. Цената на сезонскиот билет останува 10.000 денари.
skimacedonia
