Веб порталот Snow Forecast популарен меѓу сите поврзани со снегот, планините и скијањето, не стави во најава како тековна информација, каде во следните три дена ќе падне најмногу снег.
Па така наши два локации се во топ 5 места, Караџица 62 см и Попова Шапка 40 см.
Snow Forecast функционира на принципот на моделирање, а овие податоци за овој период од годината и не изгледаат толку доверливи. Но останува да видиме во текот на оваа ноќ, четврток и петок колку близу до реалноста се овие податоци.
Врнежите ќе започнат кон крајот на денешниот ден, висинa на нулта изотерма (0°C) ќе биде околу 2000 м, а снег секако ќе има во високите зони на Шара, Кораб и масивот Јакупица.
skimacedonia

