Снегот што паѓаше изминатава ноќ ги подобри ски условите на патеките во Маврово и на Попова Шапка, на терените има нови 10 см снег. Ладното време и снегот ќе продолжат да бидат присутни и следните денови, снег ќе паѓа со променлив интензитет во текот на целата наредна недела и се очекува да донесе повеќе од 30 см нова снежна покривка. Дневни температури на висина до 1800 метри, од 0°C до -3°C. Ветар со променлив интензитет, претежно слаб.
На ски терените во рамките на ски центрите во Крушево , Пониква, како и на Копанки и Нижо Поле Пелистер потребно е повеќе снег за поквалитетно скијање. Но независно од тоа центрите и угостителските објекти функцинонираат со своите содржини.
skimacedonia

