Соработка која трае веќе трета сезона, а придонесува за поголема реализација на туристички посети.
Јавното претпријатие Скијалишта Србија, Комората на планински центри од Словенија и Здружението на Словенски жичари и за новата ски сезона 15/16 потпишаа договор за деловна соработка во која на сопствениците на сезонски карти им се дава можност во три редоследни денови бесплатно скијање во ски центрите низ Србија и Словенија.
Сезонската ски карта српските скијачи покрај во Србија ќе можат да ја користат и во ски центрите низ Словенија како Похорје, Крвавец, Рогла, Стар врв, Вогел, Крањска Гора и Церкно, а исто и сопстениците на сезонски карти од Словенија ќе може да скијаат бесплатни три дена низ ски центрите Копаоник, Златибор и Стара планина во Србија.
skimacedonia

