Закопане – најпознатијот скијачки и зимски центар на Полска, сместен под највисоките врвови на Татрите на 900 м/нв. Исклучителната зимска инфраструктура на ова градче и околината ќе овозможат големо задоволство на сите љубители на скијањето, а многубројните хотели,пансиони,ресторани и дискотеки ќе допринесат од полската зимска престолнина да понесeте најубави спомени. “Откриен“ во втората половина на XIX век Закопане секоја година привлекува се повеќе туристи и не излегува од мода. Својата популарност ја должи на разновидните содржини што им се нудат на посетителите. Многубројните скијачки патеки и ски лифтови овозможуваат совршени услови како за искусните скијачи така и за почетниците.
Програма
1 ден 08.01: МАКЕДОНИЈА – ЗАКОПАНЕ
Поаѓање во 08,ооч. Поаѓаме кон Закопане. Ноќно возење.
2 – 7 ден 09.01 – 14.01: ЗАКОПАНЕ
Пристигнуваме во претпладневните часови. Сместување во хотел во Закопане на база ноќевање со доручек и вечера. Ноќевање.
8 ден 15.01: ЗАКОПАНЕ – МАКЕДОНИЈА
Доручек. По доручекот скијање до 16ч. Факултативен ручек по што поаѓаме кон Македонија. Ноќно везење.
9 ден 16.01: БИТОЛА
Пристигнуваме во попладневните часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 15.990,00 МКД
Во цената на аранжманот е пресметано:
- Пат на наведената релација со автобус / минибус
- 6 п/п во Закопане
- Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е пресметано:
- Патничко осигурување – 510 ден
- Се она што не е предвидено со програмата
Напомена: За реализација на програмата потребна е група од 45/25 особи. Ноќевањата се во хотел со 1/3 и 1/4 соби. Ски картата за 6 дена чини 80 – 85 € во зависност од курсот на Полската злота.
Контакт инфо 078 41 26 26

skimacedonia
