Скијање со хеликоптер нова туристичка понуда за првпат на Балканот

heliski albania 4

Албанија е првата земја на балканите каде ќе се реализираат овие хели-ски операции, со компанија чија база е Валбона. Локација е северниот дел на Албанија, поточно зоната на Проклетије, Динарските алпи каде се наоѓа и највисокиот врв Maja Jezercë (2694м). Станува збор за зона која ја карактеризираат големо количество на врнежливи денови и снег. Скијачката област со хеликоптер ќе покрива околу 1500 км2 во девет зони. Ски турите кои се нудат секако не се за наш пазар или барем не за повеќето од нас и чинат околу 6500 евра за недела дена снежно лудило. Скијањето ќе биде организирано во помали групи од 4 скијачи плус водич.

Минатата година токму тука американската продуцентска куќа Teton Gravity снимаше дел од нивното последно документарно издание, насловено Far Out чија премиера е закажана оваа есен, а можеби ќе се појави и во Скопје.

heliski albania 2 heliski albania heliski albania 3

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки