Скијање по песочни дини на Намибија

Повеќе од деценија, пионерот во скијање на песок германецот Хенрих Мај, ужива во својот спорт среде живопосните предели на Намибијската пустина, седиште на најголемите песочни дини на светот, илјадници километри одалечени од вистинскиот снег. Неговата компанија SkiNamibia една од неколкуте во светот кои се бават со организација по песочните дини во Намибија.

henrik1

Ентузијаст кој ја основал својата компанија 2003 година, откако открил дека дините во близина на имотот на неговите родители недалеку од Свакопмунда во Намибија се идеални за спуштање. Одтогаш, Хенрих Мај направил над 5000 спуштања. Исто така го соборил и гинисовиот рекорд во брзина кога е во прашање скијање на песок 92км/h на патека од 100 метри и е најзаслужен за развојот на скијањето на песочна дина.

Сега, овој германски иселеник привлекува клиенти туристи од целиот свет кои во летните месеци уживаат на едно од најегзотичните скијачки места во светот.

Хенрих Мај, кој има скоро 40 години, најпрвин живеел во поделената Германија растејќи во источногерманскиот Туринген, а со скијање се бави уште од четвртата година.

По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, како и многу источногерманци, го прославиле почетокот на некој нов живот. Но после пет години борба да состават крај со крај , фамилијата останува без пари и шанси за некој нормален живот. Неговиот татко Дитер преку репортажа на телевизија за германски фамилии кои живеат во Африка одлучил да го променат животот. По преселувањето во Свакопмунда, град одалечен 270 км западно од престолнината на Намибија Виндоека, познат како драгоцен камен на пустината, отворил пансиони, камп и бар за европски туристи и отпочнал нов начин на живот.

Идејата за скијање на песок потекнува од туристи кои му позајмиле скии за да ги испроба на песочните дини недалеку од својот имот. Тоа се покажало исклучиво интересно и почнал да скија постојано кога ќе најдел слободно време. После молбата од група холандски туристи да ги однесе на скијање до песочните дини сватил дека во тоа има повеќе од хоби и тука видел бизнис шанса.

Успеал да пронајде и набави старии скии, ги репарирал и со мала промоција започнал да носи туристи на скијање по песочниите дини на Намибијската пустина. Компанијата Ski Namibia била родена.

Денес Хенрих Мај е водич за спуст (downhill), телемарк, крос-кантри скијачи од Северна Америка, Европа и Австралија на тури по пустината. Спуштањето е главно на висина од 60-150м, а искачувањето трае околу 20 минути. Пејсажот во текот на скијањето по намибијската пустина е навистина нереален и импресивен. Песочните дини под влијание на ветровите од Атлантикот постојано го менуваат својот облик, па така секој ден имате свеж “снег” и нова стаза за забава и уживање.

Услугата чини околу стотина евра дневно со вклучен превоз со џипови до локацијата, комплетна опрема, оброк и освежување, а термините се закажуваат од јуни до ноември.

www.ski-namibia.com

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки