Здружението на скијачи СкиБус од Србија организираат редовно скијање овој пат на Француските Алпи, Сер Шевалие (фр. Serre Chevalier) во непосредна близина на гратчето Бриансон (фр. Briançon).
Целата скијачка област располага со 107 стази (14 црни, 39 црвени, 31 плава и 23 зелени). Вкупната должина на стазите е 250км (1200-2850мнв).
ПРОГРАМА (08.01.2016 – 17.01.2016):
08.01 (петок)_Поаѓање од Скопје во претпладневните часови.
09.01 (сабота)_Пристигање во гратчето Бриансон и сместување во одбраните апартмани.
10.01-15.01_Шест дена скијање во ски центарот Сер Шевалие (фр. Serre Chevalier)
13.01_Факултативен излет (потребно е да има минимум 30 заинтересирани) до ски центарот Montgenèvre (дел од скијачката област – Milky Way), на само 12км од Бриансон. Постоечкиот скипас, вклучува и еднодневно скијање во Montgenèvre.
16.01 (сабота)_Одјава на апартманите. Поаѓање за Белград. Посета на еден од најголемите аутлет трговски центри- Виколунго (ит. Vicolungo)
17.01 (недела)_Пристигање во Скопје во попладневни часови.
***Иако турите на СкиБус поаѓаат од Београд, за овој аранжман е обезбеден превоз од Скопје.
ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ОД СКОПЈЕ
Бојана_ bojana.boranieva@gmail.com
Симона_ negrievska@gmail.com 078/217173
Повеќе детали овде
skimacedonia
