Најдобар совет за скијачки кондури е да си купите нови. Секој друг дел од опремата може да го изнајмите, но доколку сакате навистина да уживате и да се чувствувате удобно потребно е да имате свои лични скијачки кондури кои одговараат на вашето стапало и нога.
Во напливот на нови материјали, технологии и неразбирливи термини не е лесно да се снајдеме посебно оние кои се почетници во скијањето и сноубордот.
Најчесто при изборот и купувањето треба да се селектира производот зависно од начинот на скијање, колку често скијате, која е вашиот стил рекреативно или динамично скијање, колку денови досега сте поминале на снег итн.

Болката понекогаш е составен дел на скијачките кондури заради самата нивна конфигурација но со соодветен избор ќе ја избегнете можноста од повреди, нагмеченици и воспаленија на долниот дел од ногата, стапалото и цеваницата. Vacuum серијата на Fischer е единствена технологија која ја кофигурира кондурата според вашето стапало со што се минимизира или целосно анулира болката и стегањето.
До кој степен да ги стегнам кондурите често прашање за сите нас, но генерално зависи од скијањето. Ако е стегната кондурата нешто повеќе толку е подобар преносот на информации до скијата односно скиите ќе ве слушаат подобро, но никако да бидат престегнати.
Дали се потребни дополнителни влошки за стапалото – кога би погледнале и би ги споредиле основната влошка на кондурата во однос на специјалната ќе ви стане јасно зошто би требале да дадете десетина евра плус за влошка. Помагаат за подобро лежење на стапалото го намалуваат заморот, а некои помагаат и во подобра циркулација. Добро би било тие влошки пред сезона да ги носите малку во вашите чевли како би се привикнало стапалото на екстра подршка.
Дали може да ми биде ладно на прстите и стапалото во ски кондурата – доколку мислите на ова подобро е да останете на некое потопло место. Во секоја ски кондура ќе осетите студ но далеку од тоа дека ќе измрзнете. Во рекреативните ски кондури комфорот е поголем па така подобра е и циркулацијата. Денес постојат и кондури со електрично греење на батерии но тие имаат и повисока цена. Во секој случај добри термо чорапи наменети за скијање или влошки ќе ја завршат добро работата.
Разликата помеѓу рекреативна и професионална кондура – моделите за напредни скијачи, експерти се потесни, со поголем флекс и потврда влошка. Се жртвува удобноста заради перформансите. Се губи дел од комфорот но се добива подобра контрола на преносот на информации до скијата. Кај професионалните ски кондури имате и можност за boot fitting т.е прилагодување според обликот на вашата нога. Тие варијанти се далеку поскапи но за пребирливите и професионалците тоа се исплати. Општо крутоста на кондурата помага во контролата прецизноста и стабилноста.
Разлика помеѓу женски и машки кондури – женските модели имаа поразличен калап или касета, петата е незначително подигната со цел да се испровоцира префрлање на тежината напред. Женското тело, за разлика од машкото има тежиште кое е благо помрднато наназад.
Период на експлотација – нивната промена се прави во завиност од степенот на користење, типот на скијање, ако ги користите рекреативно траат и десетина години, во однос на ски инструкторите кои често менуваат кондури можеби и секоја година.
Сушењето на ски кондурите најдобро е да се прави во нивна нормална позиција, доколку имате можност извадете ги влошките и оставете ги да се сушат на место каде има поголемо проветрување, сонце или топлина но не ги изложувајте близу силни грејни тела заради можноста од нивна деформација.
Дополнително при нивното вон сезонско чување добро е да бидат стегнати и закопчани со цел да го задржат нивниот облик. Исто така да се избегнува подолго одење на тврди подлоги земја или асфалт со цел да не се оштети врвот или петата кои треба да останат во добра состојба заради добра конекција со везовите.
skimacedonia