Во Крушево низ центарот Станиќ, ќе бидат активни двоседот и плавиот лифт. Патеките се во состојба за скијање, но има потреба од повеќе снег.Цената на ски картата е 500 денари, а полудневна 350. Возење на двоседот е 150 денари.
Покрај Крушево, лифтовите работат и во Маврово. На Попова Шапка, Пелистер Копанки, Нижо Поле и Пониква чекаат повеќе снег.
Во следните 3-5 дена слаб снег и студено време.

skimacedonia
