Не е само редовно да бидеш на подиум, туку и во каква конкуренција…
Пристигнуваат коментарите до нас, дека многу информации објавуваме за АСК Скади…..да, точно , објавуваме за сите кои остваруваат резултати, не сте исклучени сите вие да се појавите овде, да пишуваме и за вас (планина, точак, скии, борд итн) со еуфорија како што почнуваме да ги следиме резултатите на оние кои постојано со голем труд книжат резултати. 🙂
На големо натпреварување во Марибор, Словенија на трката Little FOX во конкуренција од 85 натпреварувачи, Јана Атанасовска го освои првото место со силни 1 секунда и 20 стотинки предност пред второпласираната конкурентка од Словенија.
Кај момчињата Борјан Стрезоски го освои второто место со заостанување од 0,69 стотинки пред првопласираниот. Кристијан Арсовски 21 место, Данило Илиев 21 место , Јаков Добрески 15 позиција во конкуренција на 75 натпреварувачи.
Во нескриена радост и задоволство тренерот на АСК Скади , Александар Атанасовски ги објави резултатите со пофалби кон младите натпреварувачи за трудот и успехот кои во континуитет го носат и придонесуваат за позитивен имиџ на нашата земја.
https://www.facebook.com/skadi.alpineskiclub/videos/954111328077472/