Дел од викенд амбиентот во Маврово, 28.01.2018 година. Накратко, нема ни малку да претераме ако наведеме дека ски патеките се во повеќе од добра кондиција, можеби период во кој конечно ќе ја оставиме оценката 10/10. Од викендов оперативна беше и стазата под едноседот благодарение на вештачкиот снег кој беше акумулиран со трите снежни топови. Ова е еден вид загревање за следната сезона кога се очекува конечно целата стаза под едносед да биде покриена со машини за вештачко оснежување.
skimacedonia








