Кон крајот на јуни во Охрид беше реализиран качувачки камп организиран од страна на Илина Арсова (Art & Adventure / IKAR Hut).
Овој аутдор собир имаше за цел да ги промовира планинарските спортови првенствено меѓу женските припаднички, да поттикне меѓусебно дружење, соработка и да го подигне нивото на безбедност и знаење во спортот. Во рамките на овој собир беше промовиран и најновиот видео проект кој соединува инспиративни приказни на женски атлети во планинарските спортови под насловот “This is Her story”.
За време на кампот, беа посетени неколку качувачки локалитети во близина на Охрид, Галичица (Зли Дол и Градиште), како и локации на Преспанко езеро, с. Стење, а во рамките на кампот беа реализирани теоретски презентации за безбедност, правилен тренинг и мотивација.
Презентации: Безбедност во спортот, Владимир Трповски, претседател на спортско качувачка федерација на Македонија, Исхрана и здрав тренинг, Валентина Караѓуле, качувач, професор по физичка култура, и поранешен професионален спортист.
фото: Горан Кузмановски
skimacedonia








