Shiffrin со третата редоследна титула во Светскиот куп

Shiffrin ја обезбеди третата титула во генерален пласман на Светскиот Куп

Mikaela Shiffrin која е специјалист за slalom, победник и на Светскиот Шампионат во Are, Sweden дојде до својата трета редоследна титула во Светкиот Куп откако организаторите ја откажаа трката во super-G во Sochi KRASNAYA POLYANA, Russia заради големи снежни наноси.

Американската скијачка со свои 23 години , која избра да не скија викендов е на тренинг во Италија — има недостижно водство на поени пред второ пласираната Petra Vlhova.

“Навистина е чудно бидејќи седам во моментов на мојот кревет” Shiffrin изјави на видео објавено на Твитер. “Можам да скокнам од креветот и да заиграм од среќа и така. Чуствувам дека тоа немора никој да го гледа. Само што, ова е навистина лудо.”

Shiffrin доминираше сезонава со рекордни 14 победи од 29 трки на Светскиот Куп и со поширок дијапазон од нејзините технички трки кои се специјалност откако победи во три трки од super-G. Згора на тоа, Shiffrin додаде и еден златен медал на Светскиот Шампионат во слалом како и во super-G со што ја истакна светлата иднина на САД во ски спортови по пензионирањето на Lindsey Vonn.

“Оваа година беше посебна, бидејќи добар дел од моите победи дојдоа во super-G,” Shiffrin изјави. “Секогаш мислев дека секам да се покажам во сите дисциплини. Работам на себе за да дојдам до нивото каде ќе добивам поени подеднакво во слалом, велеслалом, super-G и спуст, па чуствувам дека оваа сезона направив голем исчекор во таа насока.”

Shiffrin наговести дека високите транспортни трошоци од Sochi ја одвратиле во намерата да се натпреварува, па затоа тренираше во Италија во очи на трките во чешкиот центар Spindleruv Mlyn наредната недела.

Shiffrin, која на 13ти Март ќе направи 24 години речиси издиша последните неколку недели после победите во Шведска и Stockholm со својата 14та победа и беше целосно емотивно, здравствено и физички исцпрена по што реши да зема малку пауза.

“Едвај чекам, да легнам некаде на плажа” Shiffrin изјави.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки