Shiffrin прво сподели победа со Vlhova па застана сама подиумот во Maribor

Shiffrin најпрво сподели победа во велеслалом со Vlhova, за потоа да застане сама на врвот на подиумот на слаломската трка во Maribor

Американката Shiffrin и Словакињата Petra Vlhova се судрија втор пат во битка за Maribor. Откако двете ривалки среќно застанаа заедно на врвот на подиумот во петокот за делба на првото место во велеслаломската трка (со ист резултат), Shiffrin и Vlhova во слаломот веќе имаа различен настап, првенствено со водството на Shiffrin за цела секунда после првото возење.

Vlhova пред добар број свои фанови ја притисна Shiffrin во второто возење во велеслаломот, но не успеа да го повтори истото во слалом, дисциплината која Shiffrin буквално ја поседува на Светскиот Куп, со добитен учинок на повеќе од половина трки на кои настапи, 37 победи севкупно.

Во последните 17 слаломски трки на Светскиот Куп уште од март 2017, главното подиумско место беше загарантирано или за Shiffrin (13 победи) или за Vlhova (4 победи).

Со многу ниски температури за време на трките и мека површина околу капиите, Vlhova се пушти токму пред Shiffrin, додека швеѓанката Anna Larsson (која заврши втора на крајот) чекаше долу на водечка позиција.

Vlhova неуспеа да извози така добро второ возење како во петокот за да се бори за победа и заврши на четврто место. За прв пат сезонава Vlhova како топ конкурент, не успеа да се искачи на подиумот во слалом на Светскиот Куп што беше за неа едно разочарување.

petra vlhova 10

Женската турнеја сега го врти фокусот на најголемиот настан годинава а тоа е FIS Alpine World Ski Шампионатот во Are, Шведска.

Освојување на Кристален глобус во велеслалом како дополна на нејзината успешна листа на трофеи е целта на Shiffrin уште од почеток на сезоната.

Shiffrin најави настапи во Super-G, велеслалом и слалом дисциплините, а со потенцијал да настапи во super combined. Трките започнуваат со женскиот Super-G, каде Американката Lindsey Vonn, која ќе го има последниот настап во својата кариера на овој шампионат се очекува да се натпреварува. Vonn која го крена адреналинот на светот во Алпско скијање со оваа одлука дефинитивно ќе настапи и во спуст трката.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки