
Еднодневна планинарска акција организирана на преубавата Шара со Караниколичките езера на 2180мнв и Караниколички врв 2454 мнв .
Турата е за сите видови на планинари од почетници до сите кои искачиле по некој врв оваа сезона. Целта на овој ивент е дружбата и апсорбирањето на есенското сонце во комбинација со чист воздух покрај планинско езеро . Бесценето .
Искачувањето за сите учесници започнува од с.Вешала на 1250 мнв , за тие што ќе сакаат повеќе да лежат покрај езерото турата ќе заврши на 2180 мнв со висинска разлика од 930 метри (Водно и пол) со должина од 12 км во двата правци.
Oд селото Вешала после еден час има чешма каде може да се наполни вода а до самите езера се потребни два часа.
За оние кои се чувствуваат поентузијастички и нема да сакаат да застанат ќе можат да го качат и врвот Караниколица кој според џпс е 2454 мнв и, ќе имаат 250 мнв и 2км повеќе од другите.
Глетките ќе бидат фантастични за сликање особено од Караниколички врв од каде ќе се гледа цело Косовско Поле и Проклетие, додека во МКД ќе имаме нов поглед кон Лешница и Голем Турчин .
Времето е повеќе од задоволително , само дека е есен задолжително е носење на капа, ракавици и топли јакни.
Турата е организирана со комбиња и се поминува од кај с.Шипковица по лош пат до с.Вешала. Организторот не презема никаква одговорност за тие што планираат да дојдат со сопствен превоз.
Цената за комбето со шофер, медицинска нега и водич е 350 ден.
Плаќање до сабота до 17:00 кај Алех 389 070 382 751( кај Католичка црква) и кај Дејан 389 071 212 808 .
Поаѓање од Пошта 2 на Железничка станица во 06:00 часот
Потребна облека :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , топла јакна , очила за сонце.
Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , вода 2 л. суво овошје, сендвичи, жен шен , електролити , пиво, ракија.
Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
П.С. Доколку има нови информации истите ќе бидат истакнати на ивентов.
skimacedonia
