“Полека но сигурно ја започнавме новата сезона. После добрите суви подготовки во Македонија, еве не на Хинертукс во Австрија. Оваа година не чекаат многу натпревари, светско првенство во Сент Мориц и исполнување на олимписката норма за Пјонг Чанг 2018
Тренинзите на кои е присутен само Антонио Ристевски од А тимот, ќе траат десет дена и се состојат од тренинзи за подобрување на техниката. Веќе во септември на тимот ќе им се придружи Лука Божиновски кој живее во Канада и се надеваме на Марјан Нашоку, кој се жали на болки во грбот. Инаку на овие подготовки учествува и Виктор Петков од јуниорскиот тим заедно со неговиот тренет Никола Панчевски. Одсуствуваа Воислав Синадиновски поради здравствени причини, а очекуваме од септември на оваа екипа да им се приклучи и Лидија Симјановска.
Екипата на глечерот Хинтертукс во Австрија треба да остане до 27 август 2016.” изјави Иван Лесевски селекторот на нашата репрезентација во алпско скијање.

skimacedonia