Во позитивна атмосфера и со голема посетеност, а во организација на ски клубот Љуботен викендов на Попова Шапка беше реализиран Шарпланинскиот Куп за деца 2015 на кој земаа учество 128 деца натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Црна Гора и Грција.
Севкупни победници се Лидија Симјановска од Македонија и Антон Томов од Бугарија на кој им се доделени победнички пехари, како и на првите освоени места во пет категории во машка и женска конкуренција за деца од 6-16 години во дисциплините слалом и велеслалом.
skimacedonia







