За време на ФИС собирот во Цирих кој се одржа минатиот месец на кој присуствуваа и наши преставници, норвешката скијачка асоцијација презентираше концепт за ново натпреварување ‘RAW AIR’ кое ќе биде оддржано на четири различни локации во Норвешка во сезоната што следува.
Четири ФИС ски скокови, натпревари кои редоследно ќе се одржат од 11 до 19 март 2017, во кој влегуваат шест натпревари, од кои 4 индивидуални и 2 тимски. Локациите се Осло, Лилехамер, Трондхајм и Викерсунд.
‘RAW AIR’ нема да биде копија на новогодишниот турнир Четири Скокалници и разликата е во тоа што ќе се бодуваат за севкупно рангирање, а натпреварувачите ќе мора да учествуваат во сите натпревари да се квалификуваат за да победат на ‘RAW AIR’.
Плановите се целокупната екипа од натпреварувачи, тренери, официјални и медиа преставници да движат со чартер возови од локација до локација, начин кој го сметаат како перфектна логистика и еко пријател на околината.
Рекордни суми за награда, победникот ќе заработи 60.000 евра, а второ и трето место ќе треба да се задоволат со 30.000 односно 10.000 евра.
skimacedonia