Позитивна контрола за снегот над Загреб

sljeme zagreb

ФИС контролата за проверка на условите на ски патеката на Сљеме над Загреб за натпреварите во рамки на Светскиот куп за жени и мажи, ја потврди трката по официјалната денешна ревизија на снегот, 27 декември 2018 година. Како што е предвидено, слалом трките ќе се одржат на 5- 6 јануари 2019 година. Од останатите регионални трки кои се релативно близу и подостапни за следење како настан во живо се,  Марибор 1-2 февруари и Банско 22-24 февруари, 2019 година.

Инаку ски патеките на Сљеме се поставени на висина од 700- 1000 метри надморска висина, нешто како на простор помалку од пола Водно, долги 700-800 метри, а организираат трка од Светски Куп во Алпско скијање, каде буквално доаѓа светската елита. Ние со 5 пати поголеми и по студени планини, немаме ниту трка, ниту туризам и сме светски феномен, број 1 по неспособност.

skijanje-ban-jelacic-sljeme-zagreb-2

Денес паралелно се реализираа тренинзите на патеката Stelvio во италијанскиот Bormiot , каде мажите викендов возат спуст и Super-G.

bormio trening

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки