Попова Шапка од сезонава воведува електронски ски карти

ski pass karta popova sapka uplatnica sezonski bilet 1

Ски центарот Попова Шапка за сезонава имплементираше систем за електронска евиденција на ски картите. Новина која ќе придонесе за зголемена контрола на наплатата и поквалитетна евиденција. Паралелно со тоа тече и промотивниот период за купување на сезонска ски карта по популарна цена од 8500 денари + 150 денари за депозит. Оваа цена е важечка до 20.12.2018 година, а после овој датум цената ќе биде 9.500 денари + 150 депозит (кауција).  На Пелистер, за ски центарот Копанки цената на сезонската карта е 4000 денари. Целиот ценовник за Попова Шапка и Копанки, овде.

Низ центарот викендов наврнаа 20на см снег, а во следните два дена се очекува претежно облачно време, слаб снег, слаб до умерен ветар и генерално температури во минус. Периодот е поволен за турно екскурзии до околните двеиполилјадарки и пуштања се до центарот назад.

Аплицирајте за сезонски билет на 076 363 516 (Viber, WhatsUp), info@elemturs.mk; petkovskibojan1@gmail.com.

ski pass karta popova sapka uplatnica sezonski bilet

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки