Погрешен измерен тајминг: резултатот од женскиот спуст во Светскиот Куп променет после три дена заради грешка нa мерeњата, што навистина се случи?!
Вакво фијаско се случи токму во Швајцарија , во земјата на најпрецизните часовници и алпското скијање. Токму на трка од Светскиот Куп на женскиот спуст се случи проблем со мерните инструменти што доведе до тоа две скијачки да се сменат од подиумот после три дена.
Во крајното мерно време имало погрешно мерење за време на спустот во Светскиот Куп и по три дена после трката се сменети резултатите, што организаторот го детектираше уште во Саботат кога Nicole Schmidhofer од Австрија која се качи првично на подиумот на церемонијата на доделување беше тргната од подиумот заради Lara Gut.
ФИС го преразгледа Swiss Timing системот на трката во Crans-Montana во Швајцарија по што беа симнати од подиумот двете швајцарски скијачки.
FIS и Swiss Timing им се извинија на сите натпреварувачи, тимовитем, медиумите, како и на љубителите на Алпско Скијање заради овој случаен инцидент, пишуваше во соопштението од Светската Ски Федерација. Swiss Timing е лидер во спортската индустрија, а е поврзан со луксузните часовници Longines и Omega.
Дисфункционалната опрема на финишот ја прогласи Sofia Goggia за победник, но таа не беше погодена од ова фијаско. Четири швајцарски натпреварувачки вклучително и Joana Haehlen и популарната Lara Gut-Behrami, немале електронски следени времиња па нивното време било мерено мануелно во саботата што ја промовираше Gut-Behrami на третото место.
FIS подоцна го провери времето и додаде по 0.13 секунди на нивните времиња кое време им беше изземено во саботата на четирите скијачки.
Така Haehlen и Gut-Behrami паднаа од второ и трето на четврто и на шесто место. Haehlen го изгуби својот најдобар пласман во кариерата.
Лидерот во спуст на Светскиот Куп односно водечката во генералниот пласман Nicole Schmidhofer се искачи од четврто на второ место додека популарната швајцарка Corinne Suter, сребрена на Светскиот Шампионат од четврто стаса на трето место.
Трката која се возеше под ведро небо и убаво топло сонце направи проблеми на снегот кој почна брзо да се топи.
“Причина што неколку мерења се правени мануелно, е поместување во сетапот на фото ќелиите на финишот, кои биле поставени превисоко” изјавија од ФИС. “После двете тренинг сесии нивото на снегот паднало што заради скијањето, што од топењето.
“Swiss Timing ги проверувал времињата потоа и ги премерил сите мануелни мерења по што употребиле коректна методологија.”
Swiss Timing управувано од Швајцарската Swatch Group, го има и носечкиот бренд на Светскиот Куп под името Longines.
На својот веб сајт, Swiss Timing изјави, “Ние сме посветени на уметноста на мерење на времето со прецизност и со доверливост со употреба на технологија што ја развиваме да ги исполнат највисоките и најзахтевни стандарди на секој спорт.”
Новите официјални резултати линк
skimacedonia

