Победникот од Ехо планински филм „This is Herstory“

HER STORY UTA IBRAHIMI

На неодамнешниот ЕХО Фестивал на планински филм, проектот „This is Herstory“ беше премиерно прикажан со првиот портрет од овој серијал, 4 минутна приказна на Ута Имбрахими. Учествувавме во категоријата за најдобар краток планински филм, и ја освоивме првата награда GoPro камера од спонзорот Prosport Skopje. Благодарни сме на жирито и на организацијата на ЕХО. Наградата навистина дојде во прав момент и истата креативно ќе биде искористена во понатамошната работа. До крајот на годината ќе ја лансираме првата серија составена од 3 портрети на инспиративни девојки од регионот. Следната година се надеваме дека ќе бидеме дел и од официјалната селекција на ЕХО и на други меѓународни Филмски фестивали.

Овој документарен видео проект има за цел да промовира девојки од планинарските спортови на глобално ниво, да поттикне, инспирира и раскаже за посветеноста и трудот на патот кон нивниот успех.

Наслов на филмот – “This Her story” Uta Ibrahimi
Времетраење 4:14
Автори :
Режисер – Игор Христов Igor Hristov
Идеја и креативен Продуцент – Илина Арсова Ilina Arsova
Камермани – Рашко Раков и Горан Кузмановски
Монтажа: Дејан Смилески

Краток опис:

Ута Ибраими е првата Албанка од Косово која го искачи Монт Еверест. После тој подвиг Хималаите и Непал станаа нејзин втор дом, со една единствена цел, да ги искачи сите 14 х 8000м врвови. Ова е нејзината приказна.

Илина Арсова

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки