е настан кој го слави и промовира планинското трчање, а особено планинското трчање на поголеми дистанци. Се подготвуваме за петтото – јубилејно издание на овој настан. За 2015 година се предвидени три должини на патеките : 16 km, 31 km и 65 km. Некому овие растојанија му изгледаат многу големи и непојмливо им е дека тие – и тоа по планински терен – може да се изминат во еден ден – но редовниот тренинг, волјата и упорноста, како и досегашното искуство не уверуваат дека се е можно ако искрено се посветиш на тоа што го сакаш.
Наша желба е со учество на меѓународни натпревари и особено со организирање на такви натпревари кај нас, да се популаризира овој спорт, кој од година во година го зголемува бројот на следбеници кај нас, а паралелно со тоа да се привлечат што повеќе луѓе, спортисти и туристи да ја посетат оваа наша убава земја, која особено изобилува со планински терени идеални за развојот на планинското трчање а и другите спортови во природа и на планина.
Натпреварите за 2015 година ќе се одржат на 26-27 септември 2015 година (сабота и недела) во околината на градот Прилеп. Има три трки за возрасни плус една детска трка.
Козјак Trail : 65 km со 3100 m вкупна висинска разлика (секој финишер на оваа трка ќе добие 2 поени за пријавување на UTMB и слични трки – за 2016 година)
Прилепско езеро Trail : 31 km со 1250 m вкупна висинска разлика
Трескавец Trail : 16 km со 800 m вкупна висинска разлика
Маркови Кули Trail : Трка за деца : 3,5 km со 100 m вкупна висинска разлика
skimacedonia