Почитувани качувачи, ентузијасти, авантуристи,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Второто издание од отворениот пријателски предновогодишен болдер натпревар PLASTCMAN 2.
Натпреварот ќе се одржи на 20.12.2014, Сабота, во Болдер салата во СЦ Борис Трајковски со почеток во 10 часот за пријавување, а 12 часот СТАРТ НА НАТПРЕВАРОТ. Временската рамка е наведена подолу.
ВЕ ОХРАБРУВАМЕ ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ и натпреварувате БЕЗ ОГЛЕД НА ВАШЕТО КАЧУВАЧКО НИВО, да ја почувствувате натпреварувачката еуфорија и да бидете дел од овој предновогодишен качувачки настан ! Ве очекува позитивна енергија и многу насмевки ! Ви гарантираме одлично целодневно качувачко дружење и качувачка програма!
Натпреварот ќе се одржи во две категории:
-РЕКРЕАТИВНА
-СПОРТСКИ КАЧУВАЧИ
ТИП НА НАТПРЕВАРОТ:
Болдер маратон. Во дадениот временски период натпреварувачите ќе имаат предизвик да качат што повеќе насоки со поголема тежина, наменета за нивната категорија. Секоја насока носи одреден број на бодови, кој се дели со бројот на натпреварувачи кои ја имаат качено, а за победник ќе биде прогласен оној кој има најголем збир на бодови.
Натпреварот има за цел да ги стави во еден качувачки „ринг“ сите љубители на качувачкиот спорт, и рекреативци без искуство и натпреварувачи кои активно се занимааваат со качување. По натпреварот следи забавен дел, проследен со церемонија на доделување, презентации, проекција на кратки качувачки филмови за Македонсокто спортско качување како и
ПРОГРАМА:
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕЛ
• Пријавување – 10:00 – 12:00
• Старт за рекреативци 12:00 – 13:00
• Старт за СПОРТСКИ КАЧУВАЧИ 13:30 – 15:30
Котизација за натпревар: 100 денари
ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИТЕ и КУЛТУРНО ЗАБАВЕН ДЕЛ:
• Собирање во Кафе Браво 16.30 -17.00ч
• Прогласување на победниците PLASTICMAN2-РЕКРЕАТИВНА КАТЕГОРИЈА
• Прогласување на победниците на PLASTICMAN2 -СПОРТСКИ КАЧУВАЧЛИ
• Прогласување на качувач на годината на природна карпа (според ранг листата на 8а.nu)
• „Кон врвот“ – Промоција на филмот за Спортско Качување во Македонија
• Презентација качувачки патувања на Македонски качувачки ширум светот во 2014 година:
-Маја Петровска -Таиланд
-Димитар Попов -Petzl Roc Trip2014
– Марјан Киндалов -Леонидио
• WWW.KARAS4TRAINING.COM – Презентација на сите настани во 2013 и 2014 година преку кратки видео репортажи и промоција на порталот
• Предновогодишна забава со DJ која трае, и трае и трае 🙂
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ, И ДА СИ ПОМИНЕМЕ И ЗАБАВУВАМЕ УШТЕ ПОДОБРО ОД ЛАНИ!
skimacedonia
