Планинарски марш “ЦРН КАМЕН 2015” – Јабланица
07.06.2014 година (недела) – Планинарски марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен (2258 м.н.м.в)
• 07.00 часот – збирно место кај бензинската Макпетрол на влезот на Струга, наспроти гимназијата Нико Нестор и поаѓање кон с. Горна Белица.
• 08.00 часот – собирање на групите во с. Горна Белица, пријавување за учество и тргнување кон највисокиот врв на Јабланица Црн камен (2258 м.н.м.в)
• 12.00 часот – пристигнување на врвот и собирање на сите планинари.
• 13.00 часот – напуштање на врвот, поаѓање кон вевчанска локва и враќање во Горна Белица.
• 16.00 часот – пристигнување во Горна Белица и ручек во Планинарската куќа.
• 17.00 часот – одмор и планинарско дружење.
1. Пријавување најдоцна до 05.06.2014 година (четврток) – на тел. 078/478-065 (Андреј) и 078/217-597 (Димитри) или на e-mail: andrej@zakamen.org.mk или pedzakamen@gmail.com и на Facebook страната www.fb.com/ZakamenPED.
2. Обезбеден е организиран превоз до Горна Белица и чини 100 денари.
3. Задолжителна пријава за учество со број на членови.
Планинарско друштво/
Презиме и Име / бр. лична карта или бр на пасош / Наплата /
1.
2.
3….
Датум м.п. Планинарско Друштво
Доставување на пријавите на e-mail: andrej@zakamen.org.mk или pedzakamen@gmail.com.
4. Секој учесник на овој настан со пополнување на горе наведените податоци, под полна одговорност, потврдува дека ја прифаќа програмата на ПЕД „ЗАКАМЕН“ за манифестацијата „Црн Камен 2015“, дека ќе се придржува до истата, е здрав, ја носи потребната планинарска опрема, осигуран е од несреќен случај и е во добра психофизичка состојба за ваков вид на планинарење!
Доколку некој од учесниците не е подготвен спрема препораките, можно е да добие препорака да не учествува во маршот, во спротивно самотојно одговара за секоја настаната состојба поврзана со неговото учество.
Сите учесници кои сметаат дека имаат добра кондициска спремност и се издвојат од групата, самите ги сносат последиците од евентуалните повреди и останати здравствени проблеми.
5. За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за влажни услови.
6. Се опоменуваат учесниците да водат сметка околу дисциплината за време на маршот и на екологијата, односно да не оставаат отпадоци зад себе.
7. Организаторот ги задржува сите права за промена и дополнување на програмата во зависност од условите на теренот.
8. Организаторот обезбедува планинарско гравче и чај по пристигнувањето во планинарската куќа од врвот Црн камен во недела. Планинарите да понесат сопствен прибор за јадење.
9. Исхраната за останатите оброци е од ранец.
10. ПЕД „ЗАКАМЕН“ не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за непријавените учесници. При пристигнувањето, пријавувањето на планинарските друштва/клубови и поединци, со поднесување на пријавата, ќе се извршува во сместувачките капацитети кај одговорните лица на ПЕД „ЗАКАМЕН“ пред почеток на маршот.
skimacedonia
