Следи го настанот
Прв outdoor фестивал во Крушево на Крушевското езеро!
Повелете да се рекреираме, спортуваме и да се забавуваме во најаутдор градот во Македонија и на Балканот!
When in Krusevo, започнува на 4-ти, а ќе трае до 6ти Август. Вклучува тури во МТВ, планинарење, како и повластени цени за тандем параглајдинг!
When in Krusevo има за цел да понуди уникатно искуство во периодот помеѓу 4 и 6 август. Програмата вклучува МТБ и планинарски тури низ недопрената крушевска природа, адреналински параглајдинг од Мечкин Камен, разгледување на историските знаменитости и музеи и многу забава на Крушевското езеро.
Незаборавното велосипедско доживување започнува со Гумење , поминува низ познатата Крушевска корија и преку историската Слива се искачува до манастирот св. Преображение и до Крстот над Крушево, каде се наоѓа еден од најубавите погледи кон Западна Македонија. Во добриот поглед ќе можеш да уживаш и преку организираните тандем летови со параглајдер од Мечкин Камен со искусните пилоти на клубот Heli XC
Распоред:
04 Август, Петок
——————————————————
17.00 Пристигување и поставување на кампови
19.00 DJ загревање
21.00 The Backdoor Band
23.00 Dj Галоски
05 Август , Сабота
——————————————————-
10.00 МТВ Тура
10.00 Планинарска Тура
20.00 Dj загревање
22.00 DJ Crazy Славе
24.00 ФОЛТИН
02.00 Dj Томе
06 Август, Недела
——————————————————–
10-16.00 тандем параглајдинг
12.00 посета на галерија Мартиноски
14.00 посета на музеи во Крушево
skimacedonia

