Отворено писмо на вљубеник во планините, револт, планинарските акции и одговорноста

Растечкиот тренд и интерес за посета на планините од луѓе кои биле инспирирани само од една фотографија, од новите ентузијасти кои сакаат да прошетаат во природа, доведува до потреба од поголема свест и одговорност на оние кои ги организираат планинарските тури. Неодговорноста и себичниот пристап може да доведат до стрес и негативно искуство кај оние кои дошле да го доживеат токму обратното, мирот и убавината на дивината. Подоле во прилог текстот, ставовите и искуствата на Елена Најческа за планината и организациите.

Почитувани,

овој пост е објавен на мојот профил и на страниците на сите поголеми планинарски друштва во Македонија, со цел да се подигне свеста кај вљубениците на планинарењето како спорт и рекреација, со посебен акцент на почетниците, за да се избегне било каква трагедија на планините предизвикана од непрофесионално организирање и водство од страна на планинарски клубови кои себеси се декларираат како долгогодишни професионалци!
Овде, со цел да прочита што е можно поголема популација, сакам да го пренесам искуството кое јас и мојот клуб како релативно нови планинари на два пати го стекнавме со планинарскиот клуб Транцверзалец од Скопје. Првиот пат беше на искачувањето на врвот Кобилица кога водичите со брзина на светлината истрчаа пред толпата народ која ја носеа со себе и ги оставија луѓето сами да се снајдуваат по НЕ маркирана патека до врвот, каде што поради непристапноста и стрмнината на теренот постоеше реална опасност од катастрофа! Вториот пат беше на Шар Планина, на Боговињско и Црно Езеро, каде планинарите се измамени од старт, дека патеката е карактеризирана како средно-тешка и е во траење од 10 часа, а трае повеќе од 13 часа, луѓето се оставени уште на почетокот сами на себе, посебно на слегување, во темница, значи станува збор за жени кои се прв пат на тој терен и мораат телефонски да се информираат кај „водачот“ за правецот. Се прашувам што ќе се случеше да немаше мрежа, зошто на планина обично и нема?! Револтот на луѓето станува уште поголем што кога беше побарано објаснување за неговото однесување и кој би одговарал во случај на незгода при пад, залутување, напад од кучиња или диви ѕверови или напад од човек, следува одговор дека организаторот се оградува од секаква одговорност и на планина секој си одговара сам за себе!!!
Безобразлукот да биде уште поголем, истото тоа друштво наплаќа по 400 денари од човек за карта од Скопје до Тетово и ПЛУС 100 денари од човек за организација и водство!
Моето прашање до сите организатори и планинарски друштва е: дали вие господа чувствувате морална и етичка одговорност за сите кои ве удостоиле и се придружиле на вашите тури и сте реално задолжени истите тие да ги вратите во цивилизација здрави и живи?
По кој критериум се доделуваат лиценци за професионални водачи низ теренски патеки и законски на што треба да се придржува и каква одговорност сноси едно планинарско друштво кое се осмелува да организира тури од ваков калибар?
И за крај…горе наведеното „планинарско друштво“ и водачот познат како Комарец, да дојдат кај планинарските друштва од Прилеп прво на часови по етика, а потоа и на обука како се води група низ планина. Искрено се надевам дека нивниот пример во Македонија е изолиран и сите останати друштва раководат со своите клубови професионално и одговорно и дека во иднина ќе оствариме добра соработа и дружба.
Спортски поздрав!

Елена Најческа

Tour de Galicica 2016_0531

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки