ПК Македон организира
Отворена еднодневна акција на Шара и месноста Лешница
Недела, 21 јуни 2015
Турата поаѓа од Попова Шапка, каде се приклучуваме на 20тиот МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ „МАРКО ИЛИЕВСКИ“ на ПК ТЕТЕКС, а заедно се искачува месноста Горна Лешница. Потоа преку Долна Лешница по кружна патека се враќаме во Попова Шапка. Турата е кружна и без многу искачување, а е во траење од 9 часа или 32 километри. Ова е еден од поубавите предели на Шара, особено во овој период од годината. По патеката има вода.
Програма на турата:
• 08ч тргнување на учесниците кон месноста Лешница. Патеката е од: ПД Смрека,над Јелак, Горна и Долна Лешница.
• 11ч пристигнување во Долна Лешница и одмор за сите учесници од 1 час.
• 12ч враќање кон Попова Шапка.
• 16ч пристигнување на Попова Шапка.
Пријавувањето за турата задолжително се извршува по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до петок 19 јуни 2015. Резервацијата на место е ИСКЛУЧИВО со уплаќање. Доколку не се потврди учеството до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани.
Цената за турата е 400 денари.
Поаѓањето е во 6 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Шапка (Смрека). Бројот на местата се ограничени.
Следети ги сите промени директно на настанот
skimacedonia

