Остри критики од бугарските спасувачки служби

bansko todorka vihren

Додека се уште трае забраната за скијање низ бугарските планини каде ризикот од лавина е во 4 и 5 категорија, пет скијачи од Македонија синоќа беа спасени по пад во бездна на Пирин во ски центарот Банско.

Денес истите добија остри забелешки за нивното поведение од страна на првите луѓе на спасувачките единици и од бугарскиот Црвен крст.

Во изјава за бугарските медиуми, директор на Планинската спасувачка служба, Емил Нешев, изјави дека Македонските туристи се однесувале неодговорно бидејќи скијале надвор од означената патека. Иако предупредувањето од лавини и натаму е во сила. 

Христо Григоров кој е претседател на Црвениот крст на Бугарија изјавил „Тие ја напуштиле пистата под врвот Тодорка, влегле во доловите на Дамјаница и испровоцирале две ноќни лавини. Спасувачите под голем ризик успеале да ги спасат”

Кај нас во Македонија се уште нема официјална мерна служба за категоризација на тековната опасност од лавини, но барем поискусните знаат дека кога има тазе наврнато големи количини на снег, треба да седите во рамките на ски центарот. Покрај тоа секогаш со големо внимание треба да се пристапува и приоѓа на стрмни терени, каде ризиците се навистина големи. Тековно објавуваме предупредувачки информации околу ризикот од лавини.

За секое движење надвор од центарот односно ски патеките потребно е задолжително добро познавање на теренот како и соодветна опрема за поминување на повеќе часови или денови во студен амбиент. Опремата која ја користат скијачите и планинарите надвор од границите на ски центрите, не е иста со опремата која ја носи еден просечен скијач во рамките на ски центрите. 

Моменти се потребни за да се одалечите од границите на центарот, а движењето за назад може да трае со часови со сериозни последици. 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки