После победата во веле слаломот во саботата, Австриецот Marcel Hirscher се врати на патеката во Adelboden за 2-од-2 во 2019 со скијање во петта брзина во второто возење.
На мокар снег и постојани снежни врнежи, Hirscher успеа уште еднаш да изведе агресивно второ возење, овој пат во слалом, за да освои своја 67ма победа во кариерата од Светскиот Куп.
После првото возење, Hirscher беше на трето место позади Норвежанецот Henrik Kristoffersen и сонародникот Marco Schwarz.
Со стартен бр12, Schwarz изведе неверојатна брзина на дното на првото возење и го презеде водството за 0.34 секунди, што беше доволно за прво време после првото возење.
Но и покрај неповолните услови, Hirscher го претвори маестралното второ возење и финиш во предност од 0.50 секунди пред Kristoffersen кој не успеа да го следи темпото на Hirscher во второто возење. Норвежанецот се мачеше да фати ритам, а изгледаше вон баланс на моменти, при што на една капија се задржа со дланка на снегот за да се одржи откако зафати една од капиите. Schwarz исто така падна во второто возење и изгуби контрола па се опорави при самиот крај на патеката.
На Hirscher на подиумот му се придрижија Французинот Clement Noel на второ место и Kristoffersen со своето грубо возење заврши сепак трети.
Во саботата во велеслаломот, Hirscher го запоседна златото, Henrik Kristoffersen заврши како второ пласиран, а трет Thomas Fanara
Marcel Hirscher ја сврте предноста од водството на ривалот Kristoffersen во првото возење во своја корист за уште една победа во Светскиот Куп за велеслалом во Adelboden, Швајцарија.
“Тоа е животот во моментов, тој е најдобар,” изјави Kristoffersen за Hirscher. “Се борам со се што имам и моите нозе едноставно комплетно откажуваат.”
Hirscher нападна на патеката во второто возење и го презеде водството. Без право на грешка Kristoffersen уште на половина патека беше јасно дека Норвежанецот ја нема брзината да го престигне Hirscher. Kristoffersen заврши на второ место со 0.71 секунди заостанување зад Hirscher, а Французинот Тhomas Fanara остана на трет за втор подиум во велеслалом за него сезонава.
За својот настап во стилот на “all in” во второто возење, Hirscher вака ја објасни својата стратегија.
“Секогаш е важно да дадете 100%, а од друга страна да имам совршен “сет ап” на нозете.”
Kristoffersen исто излета “all in” и имаше целосна контрола до средина на патеката, но на последната кривина пред финишот се гледаше дека планината го зела данокот. На две капии до крајот предизвика овации од централните трибини при неговите последни напори.
На крајот Hirscher ја опиша патеката како “можеби најтешкиот веле слалом во светот.”
Турата од Светскиот Куп за мажи останува на Швајцарските Алпи а скијачите оваа недела патуваат во Wengen.
Во Петок на 18ти Јануари продолжуваат ски натпреварите во Светскиот Куп со Алпска комбинација, со спуст закажан за Сабота и слаломот закажан за во Недела.
skimacedonia

