Опасности и ризици при планинарење

IMG_20170127_224839 ribnicka skala kabash korab
@skimacedonia

Како и секоја човечка активност и планинарењето носи свои опасности, а можат да се поделат на објективни и субјективни. Додека објективните опасности не зависат од нас, субјективните се случуваат поради лошите проценки, неисправната опрема, недоволната подготвеност или грижа.

Не треба да се биде уплашен од опасностите, бидејќи тоа непотребно го попречува нормалното однесување и расудување, но треба да се биде свесен за сето она што ни се заканува и да бидете психофизички спремни да ги направите неопходните заштитни мерки. Ако претчувствуваш опасност, не оди кон неа. Никогаш не оди сам на планина, затоа што во случај на несреќа нема никој да ти пружи помош! Пешачењето е друштвена активност, а не индивидуално лутање, само доживувањето е индивидуално. Крајната цел на секое патување треба да биде враќањето дома!

mavrovooutdoors banner

Временските (не)прилики често се причина за проблеми во планините, без разлика дали станува збор за дожд, снежна бура, силни ветрови или магли. Во случај на невреме, неопходно е што побрзо да се стигне до најблиското засолниште и да остане во него, сѐ додека невремето не престане.

15591487_mavrovo-outdoor-korab-winter
@mavrovooutdoors

Вреди да се знае дека, за време на грмотевици, осамени дрвја, тесни гребени, врвови, карпи и други места кои се експонирани на гром не се добро засолниште. Сепак, кога ќе се стигне до какво такво засолниште, луѓето обично се чувствуваат спасени и забораваат дека е многу важно да се зачува телесната топлина и да се спречи настинка или замрзнување!

Замрзнувањето заедно со лизгањето, е најчестата причина за страдање на планините, и всушност е резултат на незнаење или не доволна опременост, а може да се спречи. Топлината на телото најдобро се одржува со движење, а во мирување телото да е покриено со астрофолија или повеќе слоеви облека (топлината се одржува меѓу слоевите!).

korab-vrhovi-balkana-al-jazeera_1390
@mavrovooutdoors

Покрај негативните атмосферски влијанија, треба да се заштитиме и од сонцето, а особено од висока топлина и прекумерна количина на УВ зраци. Чувајте го вратот, главата, рамената и очите од сонцето и избегнувајте искачување при повисока топлина и јако сонце!

Паѓањето на карпа или лавина кои лесно постигнуваат голема брзина а притоа добиваат огромна сила, може сериозно да повредат и убијат човек ако и се најдат на патот.

Во случај на одрон над вас, треба да реагирате многу брзо, погледнете од каде доаѓа каменот и тргнете се настрана. Кога одиме треба да внимаваме каде газиме, да избегнуваме нестабилни камења и терен, кои може да се одронат. Избегнувајте кршливи карпи, пренатрупани патеки со сипар!

Движењето по снег, мраз и кал бара зголемена претпазливост, бидејќи теренот е нестабилен и многу лизгав, многу лесно може да изгувите контрола по падината. Секој чекор мора да биде внимателен и стабилен!

На пролет, се појавува опасност од крлежи кои трае до средина на есента. По секое планинарење истуширајте се (корисно е и за потење и опуштање на мускулите) и притоа прегледајте се случајно да не имате залутани патници на телото. Доколку имате треба да го фатите со чиста, изгорена со пламен пинцета колку што е можно поблиску до главата и со влечење да го олабавите, а потоа извадете го од кожата, така што ниеден дел од него да не остане. Ако тоа не успее, натопете го со памук со алкохол и обидете се повторно. За утеха, повеќето од нив не се заразни. Не пропуштајте консултација со кожен доктор.

korab-vrhovi-balkana-al-jazeera_1405
@mavrovooutdoors

Стравот од напад од животни е далеку поголем отколку што треба земајќи ја во предвид вистинската опасност. Во карпестите предели, каде што има змии, не е лошо да се обрне внимание на тоа каде стоиме, но не постои познат пример во историјата на нашето планинарство дека некој умрел од каснување на змија. Нема основа и голем страв од мечки и волци. Иако биле забележани блиски и многу импресивни средби, не е познато случај дека истите ги нападнале луѓето во планините. Кога наидувате на животни, неопходно е да се надмине инстинктот за трчање и мирно да се оддалечите! Треба да бидете релативно гласни, така што животните можат рано да ве забележат и да се оддалечат; сите животни се плашливи и се повлекуваат пред човекот, освен ако не се чувствуваат загрозени и само тогаш го возвраќаат нападот. Во планините постои многу поголема опасност од напад на граблив хомосапиенс, но личната сигурност е сеуште поголема отколку во градот.

 

Субјективни опасности

Субјективните опасности се јавуваат поради “човечки фактор”, погрешни проценки и планови, недоволна подготвеност или неисправна опрема, најчесто како резултат на лоши размисли и преценување на своите способности. Тие може да се предвидат и речиси целосно да се избегнат.

Пред да се замине за патување, рационално процени ја својата психофизичка подготвеност и опременост. Ако сте болни или не се чувствувате добро, откажете се да заминете на планина. Сите потенцијално опасни акции и зафати (прикачување на прицврстувачи, правење јазли и сл.) извежбајте ги добро на неопасни места. Работете внимателно и со проверка.

Честа причина за опасност, која може да се спречи со добар план, е непредвиденото задржување на планината по паѓање на темнината. Темнината е особено непријатна во зимскиот период од годината кога деновите се пократки и постудени. Секогаш треба да внимавате до населените места и преноќевалишта да се стигне денски односно во текот на денот.

Многу често се случува да залутаме во планините и да го загубиме патот или маркацијата. Залутувањето може да се спречи со добро водство на групата, познавање на патот или соодветно познавање на ориентацијата во простор. Одејќи долж планината, постојано треба на картата или ориентациски во просторот, да следиме каде се наоѓаме.

14258273_ribnicka-skala-kabash-korab-ilina-arsova-dimitar-popov
@mavrovooutdoors

 

 

 

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки