Од 1 јануари 2017 стапи во сила Законот за скијалишта

Обврски, забрани и секако глоби за скијачите во новиот Закон за скијалишта кој стапи во сила од 01 јануари 2017

Во членот 51, се пропишува правила кои се делумно и правила според ФИС дека скијачот е должен:

1) на патеката да се однесува на начин што не ги загрозува или повредува другите;

2) да вози внимателно и брзината и начинот на возење да ги прилагоди кон своето знаење и условите на патеката (опкружувањето) и делот на патеката, на временските и снежните прилики, како и на бројот на скијачи на патеката;

3) да одбере линија (правец, насока) на возење така што не ги загрозува скијачите кои возат пред него и да биде во можност благовремено да одбегне судир со било кое лице или објект пред себе;

4) да ги претекнува другите скијачи, било лево или десно, секогаш на такво растојание кое што им дава доволно простор за сите нивни покрети (движења);

5) кога сака да се вклучи во возењето на определена патека или кога, по сопирање на патеката, продолжува да вози, задолжително да се увери, со гледање над и под себе, дека може тоа да го направи без опасност за себеси и другите;

6) да не застанува ако тоа не е нужно (прекин на возењето) на тесни и непрегледни делови на патеката и во случај на пад, што е можно побрзо да ослободи простор;

7) во случај кога се качува, односно се враќа по патеката или кога се симнува пешки за движење да го користи исклучиво работ на патеката;

8) да не се качува по патеката пеш туку да ја користи жичарата;

9) да ги почитува поставените ознаки и сигнализација;

10) во случај на несреќа на патеката да даде помош на другите;

11) во случај на несреќа, без оглед дали е сведок или учесник, да ги даде своите податоци за идентификација на надлежната служба на скијачкиот центар (редарска или спасувачка);

12) да ги почитува упатствата на редарите;

13) да скија со исправна и соодветна опрема, а посебно да користи скии кои што се опремени со средства (везови и друго) кои можат да ја сопрат скијата во случај таа да се оддели од скијачот;

14) да не остава на патеката или да фрла на патеката предмети и материјали што можат да ја попречат или загрозат безбедноста на другите скијачи;

15) за скијање на скијалиштето да ја користи исклучиво маркираната патека, освен во случај на опасност;

16) ако скијалиштето се наоѓа во заштитено подрачје согласно закон да ги почитува правилата кои се за користењето на заштитеното подрачје утврдени, во согласност со законот, од правното лице кое што управува со заштитеното подрачје;

17) скијањето да го прилагоди на условите на патеката кога неповолни временски услови го зголемиле степенот на тежина на патеката и

18) доколку е на вораст до 14 години задолжително да носи заштитна спортска кацига.

На скијачот му е забрането:

1) да скија на скијалиште, односно патека која што е означена како затворена;

2) да уништува, отстранува, оштетува или на друг начин да ги загрозува поставените ознаки и сигнализација на скијалиштето;

3) да скија на патеката доколку е под дејство на алкохол, дрога или некој психоактивен лек, односно средство кое што негативно влијае на неговите способности;

4) да го напушти местото на судир со друг скијач пред да ги даде податоците за идентификација на редарската служба, освен во случај кога тоа е неопходно поради давање итна медицинска помош на повредениот, во кој случај по предавање на повредениот на медицинска грижа, ќе се јави на најблиската редарска служба на скијачкиот центар;

5) да скија наназад (назачки) и

6) да поставува било какви ознаки или да остава било какви работи (без надзор) на скијалиштето без дозвола на скијачкиот центар.

Лица со сноуборд, лица што се натпреваруваат и се учесници во други скијачки дисциплини  се должни покрај мерките утврдени со ставот 2 од овој член, да преземат и други мерки кои што се соодветни на природата на конкретната зимска спортска активност, во согласност со соодветните меѓународни спортски активности (правилата на FIS).

Во предложениот Закон се пропишува дека глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок ако скијач ако со возењето ја загрози безбедноста на ски патеките и ако скијач ги уништи, отстрани или оштети ознаките или сигнализацијата на скијалиштето. Глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност  ќе  се изрече  на физичко лице ако однесува спротивно со одредбите на членот 51 .

Детален преглед на Предлог – Законот за скијалишта

skadi alpine ski club ivica kosrelic 1

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки