Објавен дел од локалната програма на REEL ROCK 10!

Ги имаме и првите најави за настаните од овогодинешната локална REEL ROCK 10 програма! Се работи за најголемите достигнувања или возбудливи проекти на локалната качувачка или планинска сцена кој се достојни да бидат претставени во контекст на REEL ROCK премиерата. Ќе најавиме дел од нив, а останатите ќе ги дознаете во претстојниот период!

rrnews

Чест и задоволство ни е да го претставиме Александар Кленов и неговиот проект “Rock for everybody” и аутдор фестивалот ROCK CLIMBING INTERNATIONAL FESTIVAL, кој тој го организира во Демир Капија, а ќе погледнеме и премиера на возбудливо видео изработено по повод овие настани направено ексклузивно за REEL ROCK 10!

Оваа година за прв пат ќе имаме и аутдор активности! Ја најавуваме хајкинг трансферзалата Македон во должина 51,4 км. која започнува од село Ореше – с.Папрадиште – пл.дом.Чеплес – Солунска Глава – Бегово Поле – пл.дом Караџица – Преслап па се до Драчево во Скопје. Се работи за интензивна дводнева тура која треба да го помине целиот масив Мокра т.е. цела централна Македонија низ планината Јакупица. Поставена од планинарскиот клуб Македон 2013-та година, во рамките на REEL ROCK 10 ќе се повтори по втор пат кога ќе бидат обновени старите маркации. Настанот ќе се случи викендот непосредно пред премиерата на 17-18 октомври.

DAUTICA14072013

За ова издание на REEL ROCK ќе имаме и една практична и многу значајна активност поврзана со качувањето. Во соработка со Спортско качувачкиот клуб Вардар и climbing school.mk Ќе изведеме ре-кличнење, дооклинчување или менување на сидришта на одредени (веќе култни) насоки чии клинови и сидришта се веќе дотраени и несигурни на најпознатиот качувачки локалитет Матка. Оваа активност ќе биде отворена за публиката и може да присуствуваат качувачи кој веднаш по активноста можат да ги пробаат насоките.

matka nasoki m

Датумот за јубилејно десетто издание на највозбудливата качувачка филмска турнеја и премиерата на овогодинешното скопско REEL ROCК издание е 21 октомври во киното Фросина. Ова е втора година на претставување на традиционалната REEL ROCК филмска турнејата, со светски најдобрите и најгледани алпинистички филмови во Скопје, овој пат со уште побогата програма и уште пет документарни филмови за највозбудливите случувања и достигнувања во глобалниот качувачки свет. Листата на достигнувањата кои ќе бидат прикажани на десеттото издание на REEL ROCК во документарен формат можете да ги проследите овде.

Минатата година за прв пат македонската публика имаше можност да го проследи деветтото продолжение на REEL ROCК, кое го донесе долго очекуваниот и наградуван документарен филм ‘Valley Uprising’ на американските филмаџии Питер Мортимер и Ник Росен. Оваа година со REEL ROCK 10, Скопје ќе добие уште една доза од најголемите аутдор и качувачки достигнувања, од најзначајните и најискусните качувачи како што се Дин Потер, Томи Колдвел, Алекс Хонолд или Кевин Јоргесон!

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки