Заладувањето минатите 3 дена го донесе првиот снег на повисоките места. Речиси насекаде низ Македонија во зони над 1000 метри забели снегот и ги израдува сите. Од Пониква, Крушево па се до планините на запад и југ.
Во Маврово и околината на ски центарот изминатата ноќ се формираше снежен слој од 10-15 см, повеќе во повисоките зони . Температурата денес околу Мавровското езеро беше -3°C, слично и на Попова Шапка.
Доколку се задржат овие временски услови ски центарот би ги имал идеалните услови за добро да го провери новиот систем за вештачки снег.
Очекуваме долга и успешна ски сезона во Маврово и длабоко во планината!
фото 17.11.2018 година


skimacedonia


