Моментите на уживање се дело на Александар Алексов, чија пасија покрај дружењето со природата и аутдор спортовите, е и астрофотографијата. Фотографиите кои тераат на авантура, се направени минатиот викенд 28-29 мај, за време на традиционалниот марш Титов Врв 2016. Александар Алексов инаку е член и на Скопското астрономско друштво, и со него имавме можност да поминеме ноќ под ѕвезденото небо над Караџица, каде детално ни беше објаснето коj, каде, свети по големото небо.
Ве оставаме со две фотографии, со цел да се развие имагинацијата и потребата да бидете таму во дивината…
skimacedonia

