Благосостојба на планина и надминување на ефектите од висинска болест.
Ветеранот во алпски ултра маратони, докторка Пушпа Чандра е искусна во аклиматизацијата на екстремни височини – главобоки, несоница, недостаток на здив, лошење, деориентација и отекување на екстремитети. Додека акутна болест од големи височини може да варира од умерена до непријатна па и во некои случаи фатална, симптомите може да влијаат на секој човек различно на различни височини. Др.Чандра дава совети како да се надминат овие ефекти.
ИСХРАНА
Кога се спремате за патување на голема висина, совет е едноставен: јадете го тоа што го јадат локалците.
“листови од кока и чај од кока, кои се користат од планинските луѓе што живеат на голема надморска висина е подобро од било кој медикамент против висинска болест” вели таа. “исто така и супа од лук , за време на процесот на аклиматизација ќе завршите со многу слободни радикали во вашиот систем и вашето тело е под голем стрер, како што објаснува таа ,” “околу 6 недели пред патувањето, внесувам доста хранливи материи и антиоксиданси(овошје, зеленчук и мешункасти плодови).”
Др.Чандра предлага суплементи кои ја подобруваат циркулацијата како Гинко Билоба (па дури и Виагра).
Нејзиниот совет е да го оставите црвеното месо, кое има доста киселини вели Др.Чандра. “кога се наоѓаме на големи висини телото креира доста јаглерод диоксид кој е исто така токсичен. Затоа се базирам на сложени јаглехидрати без црвено месо воопшто.”
ХИДРАТАЦИЈА
Човечкото тело губи околу 700мл течност на ден само со дишење, разговор и потење според Dr. Chandra. На голема надморска висина, органите работат под висок напон, се забрзува три пати дишењето и губењето течности се зголемува на дури 3 литри — без поголем физички напор или активност. Дополнителен проблем прави и силното сонце, па на тие висини, водата е пријател на вашето тело.
Др.Чандра предлага да се зголеми пиењето вода до најмалку 3 литра на ден, уште 6 недели пред вашето патување се со цел да им се дозволи на бубрезите и другите органи да се адаптираат на промената. За време на периодот на адаптација, телото се бори константно и пружа отпор но со нагло внесување на поголемо количество течности може да предизвикате шок и дополнитлен проблем.
Спиење
Прашајте ги сите што патувале на високи дестинации и ќе ви раскажат за несоница. “Кога сте на голема надморска висина, вашето тело и умот се секогаш под штрек, ,” вели Др. Чандра. “Напорите на вашето тело да ја одржи функцијата на виталните органи—практично хипервентилира—го зголемуваат нивото на јаглерод диоксид што го подигнува и забрзува пулсот и прави тешко да заспиете.
Затоа е битно во подготовките добро да се одморите и наспиете, за кога ќе стасате на дестинацијата да не бидете поспани, за да прифатите дека не би можеле убаво да се наспиете првите неколку дена.
Со умерени вежби за дишење, медитација и избегнување на стимуланси и алкохол исто така е битно да се чуствувате одморено кога ќе ги фатите падините наутро.
Планирање и психичка припрема
во идеален свет, планинарот или алпинистот постепено ќе ја зголемува надморската висина на секој два дена а со тоа и постепено прилагодува на промената.
Но најчесто кога одиме на одмор или директно во ресорт на еден ден или во еден ден одиме на големи висини па доколку е возможно не ја закажувајте вашата backcountry авантура веднаш по пристигнувањето. Дајте си време, започнете постепено да го зголемувате интензитето на активностите и за време на првите 48 часа внимавајте на дишењето.
“Направете неколку чекори, па застанете и земете воздух и спремете се. Не би сакале да останете без здив, а со тоа вашите бели дробови да се добијат воспаление.”
А доколку почуствувате симптоми на висинска болест, што да направите ? Спуштајте се и симнувајте се надолу низбрдо, па макар и за ручек. Доколку вашите симптоми станат акутни и се влошуваат наредните 48 часа , тогаш побарајте медицинска помош.
——————————————————————————————————————————-
Др. Пушпа Чандра е 58 годишна докторка од Ванкувер, родена во Фиџи, а се занимава со натуропатија – алтернативна медицина е екстремен ултра маратонец . За да го прослави својот 50ти роденден во 2008г таа учествуваше и трчаше на маратони и ултра маратони на сите 7 континенти вклучително и на Монт Еверест Маратонот , на Антартикот како и на Северен Пол Маратонот и тоа на температура од под 40 степени целзиусови… Др. Пушпа Чандра е специјалист во надминување на физички и ментални бариери.
skimacedonia
