На Копаоник вештачка подлога за скијање во лето

Градежната и инвестициската сезона во регионот е во полн ек, но за нас е поинтересно да забележиме дека желбата за развој и раст е повеќе од очигледна ако го земеме примерот со ски центарот Копаоник. Деновиве таму се вршат припреми на дел од патеките за поставување на вештачка подлога со која ќе се овозможи скијање на трева. Со тоа ски центарот покрај богатата понуда на содржини како бајк парк, адреналински парк, зиплајн, боб на шини, и многу други содржини за возразни и деца, преку дополнително искористување на жичниците во летниот период, обезбедува 365 дена активен ски центар и зголемена ефикасност и искористеност на целокупната туристичка инфраструктура.

Во регионот дополнително поголемиот број од ски центри активно работат на реконструкција и подобрување на перформансите на ски патеките и скијачката инфраструктура. На Јахорина во Босна се поставува нов систем за заснежување, а Црногорската Влада активно работи на развојни проекти во северниод дел на земјата преку инвестиции во гондоли, нови ски жичници и соодветни туристички населби.

36295431_kopaonik 36350839_kopaonik

Црногорскиот Премиер Душко Маркович ги искара изведувачите на градежните работи на проектот Колашин 1600 притоа оштро предупредувајќи ги дека време за губење нема и мора интензивно да се работи без застој, заради големите вложени инвестиции и очекуваниот бенефит од таа развојна зона.

kolashin 1600

Инвестиции во вештачко заснежување, Јахорина

jahorina11 jahorina

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки