Организатор: Мадал Бал Аутдор Тим, Општина Дојран, Мustseedonia – land of adventurе и Агенција за поддршка и промоција на туризам
Локација: Нов Дојран (Пристап: на околу 300 метри по излезот од Нов Дојран, од главниот пат во десно се одвојува земјен пат кој по околу 200 метри доаѓа точно до стартно-целната рамнина. Забелешка: тимските подготвителни станици треба да се постават во дел означен за тоа, на 30-тина метри од стартната рамнина, а не и на самата стартна рамнина!) Погледнете ја подобро фотографијата за детали: црвената линија е пристап, црвениот круг е старт/цел, а синиот круг е местото каде ќе можат да се подготвуваат тимовите.
Патека: кружна патека низ Нов Дојран со должина од 3.1км
Eлит – 8 круга; јуниори и мастерс – 6 круга; кадети, жени и хоби – 4 круга.
Датум: 27 септември 2014 (Сабота)
Старт: 16 часот,
Стартни броеви: Пријавување од 15-15:45 часот
Право на учество: Лиценцирани натпреварувачи во категории елит, јуниори, кадети, мастерс и жени и нелиценцирани натпреварувачи во категорија хоби.
Опрема на натпреварувачи: Сите натпреварувачи се должни да носат кациги и да имаат технички исправни велосипеди.
Правила: По техничкиот правилник на UCI, МТБ правилникот на ВФМ и по овие правила.Сите натпреварувачи настапуваат на свој ризик и со својот старт ги прифаќаат овие правила. Организаторот не одговара за постапките на натпреварувачите према самите себе, према други лица, како за причинета материјална штета
Награди: медали и дипломи за првите три пласирани по категорија
Забелешка: Организаторот го задржува правото за промена на правилата и патеката во зависност од условите. Контакт: info@outdoor.mk
skimacedonia