МОК договори финансиска помош за најдобрите наши скијачи

Antonio Ristevski fis solden

На состанокот меѓу претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски и претседателот на ИОК, Томас Бах беше договорена финансиска помош за нашите најдобри алпски скијачи, во износ од почетни 36.000 американски долари.

Финансиски средства кои ќе бидат наменети за подобрување на заедничките Олимписки планови и програми на Скијачката федерација на Македонија во насока на унапредување на резултатите на нашите најдобри алпски скијачи во предстојната натпреварувачка сезона.

Оваа помош е од големо значење и ќе помогне во реализација на амбициозната програма “ЗОИ Pyeongchang 2018” на Скијачката федерација на Македонија односно на селекторот Иван Лесевски и олимпискиот стипендист и наш најдобар скијач Антонио Ристевски .

antonio vasil topurkovski mok

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки