Шифрин првата жена која победи четири пати во Леви

Mikaela Shiffrin Levi Black

Шифрин го заработи својот четврти ирвас, зема 45 илјади швајцарски франци и се запиша во списокот на историјата.

Микаела Шифрин стана првата жена која победи четири пати во Леви и испиша нова историјата во алпското скијање, откако триумфираше на денешниот премиерен слалом во финскиот центар Леви на популарната патек Levi Black. Ова е 41та победа во слалом за Шифрин,  кој на списокот најдобри во оваа техника го замени швеѓанецот легенда Ингемар Стенмарк.

Таа везеше без грешки на денешните две трки, освојувајќи го првото место со голема предност од 1.78 секунди во однос на Венди Холденер од Швајцарија и Катарина Трупе Австрија како трета со 1.94 секунди послабо време од Шифрин.

Словакињата Петра Влхова не потроши време да го потврди статусот како главен ривал на Микаела Шифрин, бидејќи во почетната рунда односно првото возење презеде тенка предност над Микаела Шифрин, но падна во второто возење оставајќи простор на подиумот за Венди Холденер.

Комплетните резултати овде
Mikaela Shiffrin Levi Black fis results

 

 

banner_atlantiSmk2020

 

 

На Коработ снегот легна на 2000 метри

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки