Mikaela Shiffrin очекувано победи во Levi, кај мажите Hirscher се протна пред Kristoffersen

AR-31117992 6shiffrin

Лапонија. Најдобрите алпски скијачи на светот се најдоа викендов на оваа прекрасна магично снежна атмосфера, каде секој ноември уште од 2004 година во Levi (Финска) е отварање на сезоната во слалом на Audi FIS Ski Светскиот Куп. Женскиот слалом се одржа на 17ти, а машкиот на 18ти ноември на патеката Levi Black.

Минатата зима, Petra Vhlova овде извојува победа пред Mikaela Shiffrin и Wendy Holdener, а за словакињата ова е место каде повеќепати се искачува на подиумот.

Mikaela Shiffrin ги надмина силните ветришта, нервозата и деликатна капија во второто возење за да го добие првиот слалом сезонава, нејзина 33та слаломска победа во кариерата и нејзино трето еленче во Levi, Финска во Саботата.

Shiffrin победи со 0.58 делови од секундата пред словакињата Petra Vlhova откако трката беше одложена за 45 минути, а стартот поместен заради силни ветрови, што стана почеста појава во брзите настапи отколку во слалом. Во првата трка имаше најбрзо време пред Олимписката шампионка Frida Hansdotter од Шведска.

“Се престрашив на стартот после еден опасен момент на врвот на патеката но продолжив да се борам,” изјави Shiffrin за второто возење, каде очигледно задоцни на една од првите капии. “Тоа е прва трка во сезоната па има нервоза и возбуда. Никој не е се уште свесен колку е брз и секогаш е добар предизвик.”

 

Победниците во Levi  по традиција добиваат ирвас како награда. Petra Vlhova (SVK) беше возбудена што се враќа на местото по минатогодишната победа, а изјави дека го посетила и својот ирвас Игор. Нејзиниот ирвас кој го освои лани и му даде име Игор, вели дека бил навистина фин кога го посетила после една година во Лапонската фарма.

Shiffrin ги именуваше првите два ирваси кои ги освои со имињата Rudolph и Sven од победите во 2013 и 2016. Ова трето освоено еленче го крсти Mr.Gru, по карактерот во цртаниот “Despicable Me” а по сугестија на пријател. Ова не потсетува на нашиот Шарпланински Куп на кој победниците добиваа шарпланинче како награда, еден неверојатно убав гест од организаторот.

Shiffrin се приближи на рекордот во Слалом на Светскиот Куп кој го држи пензионираната идолка од Австрија Marlies Schild. Сепак Shiffrin има и три победи во паралелен слалом кои не се вбројани, а Американката за која многу пишуваме сега има севкупно 44 победи од Светкиот Куп, што се две помалку од пензионираната Австријка Renate Götschl, која е четврта на женската листа на скијачки на сите времиња.

Исто така ова е веќе трета едноподруго победа во слалом за Shiffrin

Мажите скијаа денес, а австриската ѕвезда Marcel Hirscher го повтори минатогодишниот успех вадејќи ситно пред, Henrik Kristoffersen, а над секунда и 40 пред André Myhrer. На Hirscher ова му е 28ма слаломска победа.

Веќе следната недела, трките се селат на северно-американска територија, каде што се брзите трки во спуст и супер G , во Lake Louise и Beaver Creek

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки