Mikaela Shiffrin го израмни рекородот на Светскиот Куп со 14 победи во една сезона

Mikaela Shiffrin го израмни рекородот на Светскиот Куп со 14 победи во една сезона

Таа ќе има уште неколку прилики да го сруши рекордот во наредните недели

are+2019

 

Mikaela Shiffrin во натпревар од паралелен слалом на FIS Свестки Куп во Алпско скијање на city event-от во Stockholm, на 19.02.2019 ја потврди титулата во слалом сезонава.

Ниту промената на форматот на натпревари, ниту настинката не ја попречија Мikaela Shiffrin да дојде до нова победа и тоа 14та во Светскиот Куп сезонава и да го израмни рекордот на победи во една сезона со Vreni Schneider уште во 1989г.

Со оваа победа Американката веќе има недостижна предност од преку 200 поени во поредокот пред главната соперничка Petra Vlhova од Словачка.

За разлика од традиционалниот Алпски формат на скијање еден по еден, ова е дуел натпревар на двајца скијачи паралелно во нокаут рунди со по две трки.  Shiffrin ја совлада ривалката Ragnhild Mowinckel од Норвешка, Katharina Truppe од Австрија и Anna Swenn Larrson од Шведска за во финалето да ја победи Christina Geiger од Германија. Geiger пак ја совлада Vlhova во четвртфиналето.

Особено тешко и дојде на Shiffrin што требаше да извози дури осум пати земајќи предвид дека уште не е опоравена од настинката и воспаление на белите дробови откако го освои својот четврти по ред слалом на Светскиот шампионат само пред три дена во Are, Шведска.

Shiffrin за да дојде до победата имаше тешка полуфинална битка со домашната натпреварувачка Anna Swenn Larsson. Швеѓанката пред домашната публика и бројните навивачи го доби првото возење за 0.09 секунди но Shiffrin ја претекна за 0.10 секунди во вториот круг со што мина понатаму со најмала можна разлика.

Shiffrin сега ќе добие заслужени две недели слободни, прескокнувајќи ги спустот и super-G трките наредните два викенда од кои едната е во Crans Montana викендов а другата во Sochi Русија, но ќе има нови шанси да го сруши рекордот на Schneider со уште две слаломски трки до крајот на распоредот на Светскиот Куп во Чешка како и на финалето на 11-17 Март. Таа може да се реши да настапи на финалниот super-G, а сеуште е водечка сезонава и во таа дисциплина.

Ramon Zenhaeusern од Швајцарија победи на машкиот турнир, а го совлада Олимпискиот шампион Andre Myhrer од Шведска во финалето.

Инаку седумкратниот шампион Marcel Hirscher кој загуби во четвртфиналето веќе собра доволно бодови да ја заокружи новата титула во слалом на Светскиот Куп.

И Shiffrin и Hirscher имаат освоено кристален глобус за најдобар слалом скијач по шест пати во последните седум сезони освен во 2016г. Тогаш во женска конкуренција победи Швеѓанката Frida Hansdotter а во машка Норвежанецот Henrik Kristoffersen.

Hirscher ја освои титулата пред своите главни конкуренти, Clement Noel и Kristoffersen кои беа елиминирани во првата рунда. “Навистина сум среќен. Ја осигурав титулата денеска што ми беше и главна цел,” изјави Hirscher, кој два дена претходно ја одбрани титулата во истата дисциплина и на Светскиот Шампионат во Are.

Мажите викендов се селат во соседно Банско, Бугарија за трки од Светскиот Куп од Петок до Недела.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки