skimacedonia

  • ThumbnailВрв Руен 2252 мнв, 21 септември 2014

    Каменца, Луковица, СА, СА! Така оди една песна која доаѓа од источните краеви на Македонија, а така и ние, преку Кочани, Македонска каменица, па преку рудникот Саса, нагоре […]

  • Thumbnail27.09.2014 Сабота КАРАНИКОЛИЧКИ ЕЗЕРА поаѓање од с.Бозовце во 7,30ч. Се пешачи 5 часа во два правца, можност преку лешница до Попова Шапка преку новата патека вргањ плус- 8 часа пешачење.

    Сабота проекција на […]

  • ThumbnailЗаладувањето кое настапи нагло изминатата ноќ го донесе и првиот снег на Јахорина во Босна и Копаоник, Србија и во високите региони на Кораб и Шара во Македонија.

    Во текот на денот во планинските региони во […]

  • ThumbnailВикендов  во националниот парк Галичица од страна на неандерталци се искршени дел од патоказите и инфо таблите кои се дел од проектот финансиран од германската влада во соработка KFW банката за обнова и развој и […]

  • ThumbnailMTB Cross Country Dojran 2014

    Организатор: Мадал Бал Аутдор Тим, Општина Дојран, Мustseedonia – land of adventurе и Агенција за поддршка и промоција на туризам
    Локација: Нов Дојран (Пристап: на околу 300 метри […]

  • ThumbnailНеможам да опишам колку е неверојатен Мустанг – Непал. Многу е суров и далечен, чувството е како да стапнуваш назад низ времето . Ова патување не беше како претходните, отпатувај и вози. Туку патување како назад […]

  • Пред полна сала македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје во киното Фросина одржа промоција за искачувањето на врвот К2 (8.611 метри) втор највисок во светот, искачување кое го реализираше на 27 јули годинава, на 60 годишнината на првото искачување на К2 во 1954 година.

    zdravko-dejanovic-k2-mkc1

    Со многу позитивни емоции и во пријатна атмосфера Здравко Дејановиќ на присутните им  пренесе дел од случувањата и возбудувањата при искачувањето на К2, еден од најтешките и најсмртоносните врвови во светот. Чест да ја отвори промоцијата имаше Проф. Др. Јовица Угриновски претседател на Федерација на планинарски спортови на Македонија кој е и еден од најзаслужните за успехот, како што истакна Дејановиќ.

    Алпинистот Здравко Дејановиќ во 2010-та се искачи и на највисокиот врв во светот, Монт Еверест (8.848 метри) и за следната година најави планови и атак за искачување и на Анапурна 1 (8.091 метар), кој е поопасен и помалку искачуван и од К2

    ВРВ                 ВИСОЧИНА       ЗАБЕЛЕШКА
    Монт Еверест    8.848              искачен 2010
    К2                         8.611             искачен 2014
    Лотце                  8.516              во план за 2015
    Манаслу             8.156             во план за 2015
    Нанга Парбат    8.126             во план за 2015
    Анапурна 1         8.091            во план за 2015

    zdravko-dejanovic-k2-mkc5

    zdravko-dejanovic-k2-mkc

     

    zdravko-dejanovic-k2-mkc2

     

     

  • ThumbnailНоќната, туристичка, велосипедска тура има цел да го претстави јадрото на Град Скопје и ноќниот живот во Скопје на поинаков и интересен начин – на велосипед и секако со туристички водич.

    Почетна точка е […]

  • Почитувани !
    Fitness Studio Energy и Energy Shop организираат планинарска тура до Солунска Глава.

    Планинарската тура е закажана на 20ти и 21ви Септември 2014г. Турата е објаснета подолу по кој редослед и на што се треба да внимавате и да бидете спремни пред да влезете во списокот кој е отворен во горе наведените организатори.

    Прв ден (20ти септември)

    06.10 часот – тргнување со воз од Железничка станица Прилеп (групата да биди собрана пред железничка најкасно до 06:00часот)
    06:45 часот – пристигнување на Железничка станица Богомила, и организиран авто превоз до с.Нежилово со такси,камионче,трактор,комбе, во зависност од бројот на групата.
    од 7:30 до 8:00 часот – почеток на планинарската тура од с.Нежилово до планинарскиот дом Чеплес.

    после 4 часа пешачење,се пристигнува во ПД Чеплес каде е обезбедено сместувањето и го поминуваме остатокот од денот.

    19:00 часот – планирана е групна вечера од страна на организаторите која не е пресметана во цената, за која би требало да чини најмногу 50-60 денари.

    Втор ден (21ви септември)

    06:15 часот – Wake up и утринска гимнастика.
    07:00 часот – почеток на освојување на врвот.
    после 3 часа пешачење низ прекрасната планина на Јакупица пристигнување на врвот,време за уживање во прекрасната глетка, и полека спуштање кон ПД Чеплес.
    14:30 часот – спуштање по истата патека до с.Нежилово и со организираниот превоз до Железничка станица Богомила.
    18:35 часот – тргнување за Прилеп со воз.
    19:25часот – пристигнување во Железничка станица Прилеп , и толку од нас,
    а на Вас останува да бидете дел од оваа планинарска тура , Ве очекуваме ! ! !

    Цената на оваа тура чини само 350 денари.Во цената е вклучен превозот од ЖС Богомила до с.Нежилово, и сместување во ПД Чеплес. Доплатата за вечерата ќе биде пред почетокот на турата. Во цената не е вклучен превозот со воз од Прилеп до Богомила поради следниве причини: 20ти и 21ви Септември е трет викенд од месецот,и е бесплатен за лицата од 18 до 27 години , треба само да си доплатат 50 денари за резервација, лицата под 18 и над 27 години ќе треба да си обезбедат сами карти за воз.

    НАПОМЕНИ:
    Потребна е опрема за есенски услови и висопланинско планинарење.Движењето е по строга обележана патека. Се молат сите учесници да не се одвојуваат од колоната (маркираната патека). Се молат сите учесници да не оставаат отпадоци во природата, да ја оставиме природата чиста,онаква каква што не примила, величенствена и прекрасна! Секој учесник сам одговара за своите психофизички можности, здравствена состојба и безбедност.
    Учесниците во планинарската тура потребно да си носат со себе:
    – чевли : по можност над глуждови (гузерици)
    -облека што ќе штити од дожд,ветар и сонце
    -капа,очила и ракавици
    -планинарски ранец.
    -лесна храна за 2 појадоци и 2 ручеци (препорачливо е житарки,суво овошје,конзервирана храна,течности….)

    Информации и пријавување во просториите на Фитнес студио “Енерџи” и Енерџи Шоп.

    контакт за информации:
    048-42 35 35-Енерџи
    075 208 102- Филип
    076 579 870- Мане

    Пријавување најкасно до Среда(17.09.2014)

  • ThumbnailUrban & Adventurous around Krusevo – 50 km CHALLENGE!!!
    ПРОГРАМА & ЦЕНОВНИК

    Урбан Камп на кој може да ни се придружи секој без разлика на возраста, формата, искуството и фитнес нивото. Но мора да сакате да […]

  • Интересно видео Heavy Mental од Absinthe Films кое деновиве веќе имаше премиера низ неколку градови во Европа

    Доколку случајно се најдете во еден од овие градови периодов што надоаѓа, можете да го […]

  • ThumbnailВезовите Marker Duke не се ниту први, ниту пак најдобри freeride везови. Оригиналниот Duke модел беше  тежок и не толку згоден за користење. Она по што овој производ успеа на пазарот е на полето на […]

  • Релјефот на полуостровот Камчатка во најодалечените простори на Русија на далечниот исток е толку разнолик што професионалните сноубордери дури ни за 20 години не можат да ги минат сите патеки.

    Kamchatka-Volcano-Heliski_skimacedonia

    Назима тука започнува вистинската сезона и најинтересна забава на полуостровот се хели-скијањето и турно-скијањето. Покрај планинските постојат и патеки на падините на вулкани. Освен тоа тука на располагање се и џипинг-турите, како и пешачките тури до вулканите или до долината на гејзирите и без страв од мечките.

    Kamchatka-Heliski_skimacedonia

     

    http://youtu.be/SH8fWf5mz5w

  • ThumbnailВо понеделник на 15-ти Септември, во МКЦ Младински Културен Центар, во 18 часот  ќе се одржи презентација на Здравко Дејановиќ од искачувањето на врвот К2.

     

     

  • ThumbnailНа нас добро познатиот произведувач на зимска ски опрема, Елан од Словенија се наоѓа пред стечај. Европската комисија побарала од Словенија да покрене стечајна постапка за компанијата од Бегуње Горењскем, а […]

  • ThumbnailSkyRunning – Vertical Kilometer серијата. Како што ветивме минатата година, еве ќе се потрудиме да организираме за прв пат кај нас трка на атрактивниот терен во Централна Шар Планина – од Долна Лешница преку […]

  • ThumbnailПредмет: Покана за учество на планинарски марш по повод одбележување 1000 години од Битката на Беласица

    Почитувани,

    Општина Струмица и ПАОК Ентузијаст Струмица Ве покануваат да учествувате на  планинарски […]

  • ThumbnailПочитувани планинари,

    Планинарскиот спортски клуб „Ѓорѓи Наумов“ – Битола на 14ти сеп­тември 2014 год. (недела) го организира традиционалното искачување „Неолица 2014“.

    По тој повод Ве покануваме да нѝ […]

  • Load More
Оди на лентата со алатки