Mavrovo JAM Session

IMG-eaa736a2 FIS Slope Style Freestyle skiing snowboard mavrovo

Почитувани скијачи, бордери, фристајл фанатици,
Особена чест и задоволство претсавува да ви го најавиме првиот JAM SESSION во Маврово кој ќе се одржи на 31 март и 1 април.

Во мини паркот кој ќе биде креиран само за овој настан ќе има 8 елементи на кои ќе ги бараме бордерот или скијачот со најдобар трик, најдобар стил и секако најдобрата дама. Судиско 3-члено жири ќе одлучи кои ќе бидат победниците и наградените на настанот.

31  Март – Ден за тренинг и дружење (доколку не послужи времето и по договор со учесниците ќе биде направен “Backcountry” скок)

1  Април – Финале на Jam Session
Напоредно дента ќе има скок со 2 амплитуди и AIR BAG на кој ќе имате можност да ги испробате Вашите вештини

Како и секогаш можеме да ви ветиме добар настан, добра дружба и нормално дека ќе имаме забави по бачилата со одлични дџ-и кои додатно ќе ги објавиме.

За да се пријавите се што треба да направите е да пратите меил на marketing@bistra.com и да ги следите понатамошните инструкции.

Ски Маврово и фристајл сцената Ве очекува!

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки