Со цел да фати чекор со барањата на пазарот како и силната регионална конкуренција, ски центарот Маврово, најави нови инвестиции на Бистра и модернизација со кои центарот ќе добие 365 дена активна дестинација. За таа намена е ангажиранo стручно лице, надворешен консултант, норвежанецот Гир Олсен , еден од главните луѓе кои стојат зад развојот на зимскиот олимписки центар во Сочи, Русија.
Гир Олсен треба да помогне да се креира нов модерен изглед и иднина на скијачкиот центар Маврово. Олсен ќе го прави мастер планот за развојот на ново Маврово за наредните 40 години. Планот е скијачкиот центар да се претвори во модерна туристичка дестинација што ќе функционира 365 дена во годината.
Олсен најави за скоро време нови ски патеки, гондола која ќе може да сервисира и транспортира секаков тип посетители во секое време, нов ресторан, велосипедски патеки.