Машини за правење снег и над нулата

Машини за правење снег и над нулата

Во време на се поголеми природни промени и непогоди, почестите топли зими носат и нови понуди и можности на пазарот на зимскиот туризам и се што е поврзано со него, на пазарот се појавија и таканаречени снежни фабрики, систем за правење снег за температури над нулата до 32°C.

Преку бројни тестирања овој производ сам создава снег во разладена кабина фризер од кој финален производ се потполно суви снегулки. Ваквата машина има капацитет да произведе околу 230м3 снег дневно, што понатаму се пренесува и нанесува во една компактна снежна подлога. Функционира во затворен систем на производство без хемиски адитиви, ладилниците остануваат во затворен круг, водата замрзнува под влијание на студен воздух и затоа можат да прават снег на било која температура.

Ваквите машини не се независни сами по себе и обично се корисни како дел од системот на снежни топови, но може да се користи засебно за оснежување и припрема на стази на посебни локации, организирани настани во рамките на некој град и сл. Се транспортираат во контејнери се конектираат на струја и вода и создаваат снег со брзина и интензитет кој секако зависи од надворешните температури.

technoalpin-snowfactory

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки