Рано утринава го посетивме ски центарот Попова Шапка, одблизу да го проследиме припремањето на стазите за тековниот ден како и за престојниот викенд.
Имајќи го во предвид топлото пролетно време и сончевиот период кој следува, навремено и добро подготвените патеки се приоритет за центарот со цел на најдобар можен начин да бидат пречекани вљубениците во скијањето, пејсажите и свежиот воздух
Наутро или на крајот на денот, а зависно од временските услови доколу паѓа снег и во текот на цела вечер во неколку наврати техничкиот тим од ски центарот Попова Шапка работат на патеките според планот и условите на патеката . Конкретно во делот на Церипашина обработуваат над 3000 метри должина на стазата, онаа добро позната делница паралелна со жичницата која е долга 2200м. Во две линии паралелено ја обработуваат патеката и до 16 пати со просечна широчина до 40м изјави Борче Симовски дел од техничката служба одговорна за процесирање на патеките. Моќните машини со кои управуваат и ги обработуваат патеките се Pisten Bully 300 Polar со мерцедес мотор од 455 коњски сили имаат зафатнина од 12.800 м3 кои трошат и до неверојатни 70 литри на час! wow 🙂
Во моментов на горната станица на Син врв на 2400м има околу 40см, а доле на почетокот 20-25см снег кои се сосема доволни за скијање и рекреирање. На другата страна од центарот снег за freeride авантури има далеку повеќе од колку на сончевата страна каде што е сместен центарот но како и да е скијање очекуваат до април.
линк кон поголема галерија на слики
skimacedonia











