Марјан Бонев утре на Водно ќе прави Еверестинг

Марјан Бонев, еден од најдобрите планински тркачи во Македонија, утре 1 јуни, од ранo утрo, ќе проба да реализира “Еверестинг” т.е искачување на висината на Монт Еверест 8848м на една од патеките на Водно. За таа цел, Бонев ќе треба да реализира 18 искачувања до врвот на Водно во континуитет. Искачувањата ќе бидат по Димитар-Цветкова патека, од Средно Водно до врвот. За спуштање од врвот, наутро ќе користи велосипед, а потоа ќе ја користи жичницата надоле за овој дел од предизвикот. Според него, очекува и планира едно искачување да го прави за половина час, спуштањето со велосипед 11-13 минути, а возење надолу со гондолата да му одзема 8 минути.

60610579_Marjan Bonev everesting vodno skopje macedonia

Еверестинг е формат на спортска активност,  каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8848 висински метри, односно минимум еквивалент на Еверест, во еден обид, без пауза.  Одбирате една патека на било која планина со одредена височина и правите искачувања (и спуштање) сè додека не ја искачите висината на Еверест. Паузите за одмор се дозволени (храна, пијалок и мал одмор), без пауза за спиење во текот на реализиацијата на Еверестинг.

„Идејата за предизвикот е тест на ултра психичка и физичка издржливост, тест на досега наученето и искусеното во областа на менаџирање со нутриција, напор и ментален фокус при втората половина на спуштањата со велосипед.” – изјави Бонев.

10579_Marjan Bonev everesting vodno skopje macedonia

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки